Андријана Петрушовска, по „Ѕвездите на Гранд“, ветува дека ќе „растури“ и на „Макфест 2022“ – Браво, кукло, возвикна Марија Шерифовиќ!

672

Ќе биде светски, а, сепак, наше, македонско. Деталите, разбирливо, Петрушовска не ги открива. Сака да остане тоа како вистинско изненадување. Ние ќе се стрпиме до „Макфест“. Остана уште малку време, средината на октомври

 Со нетрпение се очекува и годинашното издание на забавно-музичкиот фестивал „Макфест“, кој, по короната, повторно се враќа од отворено во затворено, во салата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. А, таму, на фестивалската сцена, кон средината на октомври, битка за победа ќе води и една од моментално најпровокативните и најталентирани македонски пејачки – Андријана Петрушовска. Таа го сврти вниманието на публиката и на новинарите со своите спектакуларни настапи во балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таму, таа предизвика куп позитивни коментари од жирито. Највоодушевена беше Марија Шерифовиќ, па јавно, пред ТВ-камерите, извика: „Ма, браво, браво, лудница од пеење!.. Браво, кукло моја!“ Со реакциите на Марија се согласуваше и мегапопуларната Цеца Ражнатовиќ, со која Андријана, во меѓувреме, стана и добра другарка.

Но, приказната за нашата пејачка не застанува тука. Таа дефинитивно е на списокот на учесници на „Макфест 2022“ и вели дека треба да се подготвуваме за нејзиниот настап, бидејќи буквално сите ќе ги „растури“. И со песната и со имиџот!

Ќе биде светски, а, сепак, наше, македонско. Деталите, разбирливо, не ги открива. Сака да остане тоа како вистинско изненадување. Па, добро, нека биде така, ние ќе се стрпиме до „Макфест“. Остана уште малку време за да ја видиме и, секако, за да ја слушнеме Андријана додека „растура“. Не се сомневаме во нејзин нов, голем естраден успех.  (Д.М.) foto:FB