Белградската полиција го уапси М.Т. поради семејно насилство во Сурчин. Тој е осомничен дека во саботата ја претепал неговата внука, ја влечел за коса и и се заканил дека ќе ја убие.
Малолетничката им кажала на инспекторите дека дедо и ја тепал по глава, дека ја влечел за коса и дека ќе ја тепа додека не ја убие“, вели извор близок до истрагата за српски Телеграф.
Како што пишува порталот, девојчето било примено во Заводот за мајка и дете, каде и биле констатирани полесни физички повреди.
Истрагата ја води Третото основно јавно обвинителство во Белград.