ТУРЦИЈА НА НОЗЕ: Уапсени 147 лица осомничени за врски со Исламската држава

95

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата ги уапсила осомничените во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции.

Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.