„ТЕРМИНАТОРОТ“ ИТНО ОПЕРИРАН: Шварценегер доживеал компликации, од истиот проблем починале неговата мајка и баба

243
EPA-EFE/Tomasz Wiktor POLAND OUT

Арнолд Шварценегер откри дека неодамна имал операција на срцето.

Поради вроден проблем со срцевите залистоци, тој веќе имаше три интервенции на срцето, но претходните интервенции предизвикаа компликации поради кои лекарите сега мораа да му стават пејсмејкер на Шварценегер.

„Минатиот понеделник имав операција за да станам малку повеќе машина: добив пејсмејкер. До петокот веќе присуствував на голем еколошки настан со мојата пријателка и колешка Џејн Фонда. „Никој никогаш не би помислил дека ќе ја почнам неделата со операција“, откри тој во неговиот подкаст „Arnold’s Pump Club“.

Вели дека на операција отишол по совет на неговите лекари кои му укажале на компликации кои настанале по претходни интервенции.

„Исто така, ме советуваа дека е време да ја направам оваа процедура бидејќи некои лузни од мојата претходна операција предизвикаа неправилно чукање на срцето. Тоа е животот со генетски проблем со срцето. Истиот здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Сè уште сум тука поради медицинските иновации, многу сум одговорен и решен да се грижам и да ги слушам моите лекари“, рекол познатиот „Терминатор“, пренесува „Менс Хелт“.