Се гради новиот спортско – рекреативен центар „Бранители“

160

Во населеното место Љуботенски пат се гради нов спортско – рекретивен центар кој ќе го носи името „Бранители“.

Овој спортско – рекреативен центар ќе се протега на површина од над 5.000 квадратни метри, а ќе има: модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда. Потоа, кошаркарско игралиште со специјална подлога, ќе се реконструира детското игралиште, ќе има фитнес зона за вежбање и рекреација, парк и нови зелени површини, пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново LED осветлување.

-Ова е место каде што израснаа многу генерации во минатото, но за жал, во последните години беше целосно напуштено и претворено во депонија. Граѓаните го добиваат она што го заслужуваат. Тие добиваат модерна, урбана општина со многу содржини – потенцираат од Општина Бутел.