Легендарниот американски кошаркар, Пол Пирс (46), е најновата жртва во „епидемијата на кражби“, како што ја нарекуваат странските медиуми серијата упади во домовите на познатите личности во Лос Анџелес.

Разбојници влегле во куќата на Пирс во петокот вечерта, кога не бил тој таму. Како што пишува порталот ТЗМ, му биле одземени повеќе од 100 000 долари, скапи часовници, како и цел сеф, кој полицијата се обидува да го пронајде.

Исто така, полицијата е во процес на прегледување на снимките од безбедносните камери, со надеж дека ќе најде индиции и докази за големата кражба.

Пирс е последниот во долгата низа познати личности што биле жртви на провалници во Лос Анџелес. Меѓу оние што биле цел на крадци се и: Ријана, Квентин Тарантино, Дрејк, Пост Мелоун, Бела Торн…

Во 1998 година, Пол Пирс беше избран за прв пик на НБА-драфтот, таа година играше за Бостон селтикс, тим каде што беше до 2013 година. Во текот на 19-годишната кариера во НБА, мина и по една сезона во Бруклин и во Вашингтон и две во Лос Анџелес клиперс.

Тој го освои шампионскиот прстен со Селтикс во 2008 година, а беше и МВП во финалната серија. Исто така, десет пати беше дел од ол-стар натпреварите.