Продолжува реконструкцијата на улици

225

Градежната офанзива во општина Бутел е во полн ек. Во тек се градежните активности на улица „25“, а наскоро ќе биде реконструирана и главната улица „21“, која е значајна за жителите од  населеното место Расадник.

Во наредните денови ќе се продолжи со реконструкција на улиците кои беа најавени како дел од оваа фаза.

-Во текот на овие четири години, на територијата на oпштина Бутел нема да постои неасфалтирана улица. Целиме кон рамномерен и еднаков развој на општина Бутел без заборавени населени места – вели градоначалникот Дарко Костовски.