Полнети „перничиња“ со фил од малина: Најсочниот посен десерт од лиснато тесто

1310
Printscreen/Youtube

Со нивната карамелизирана кора и богат фил од малини, овие „перничиња“ ќе ве освојат уште на прв залак.

Состојки:
250 гр лиснато тесто
1/4 чаша џем од малини
3/4 чаша замрзнати малини
две лажици шеќер

Подготовка:
Тестото исечете го на 12 еднакви парчиња во форма на правоаголник. Џемот измешајте го со одмрзнатите малини, па на едниот дел од тестото ставете малку смеса, а со другиот крај преклопете. Наредете ги „перничињата“ во плех покриен со хартија за печење и сè заедно ставете во фрижидер најмалку половина час. Пред печењето, секое парче премачкајте го со малку вода, посипете со шеќер и одозгора со нож направете мали засеци. Се печат во рерна загреана на 180 степени околу 25 минути.

Уживајте!