Ни сезонските работници не се тоа што беа: Која е очекуваната плата за овие работни места во Хрватска?

1451

Сезонските работници често доаѓаат од различни делови на Хрватска, а во последно време и од целиот свет, па не е чудно што сигурната заработка и сместувањето се од пресудна важност при изборот на сезонска работа.

Интересно е што платата е дури на трето место, додека слободните денови и работното време се нешто помалку важни за луѓето во ваков вид на вработување, пишува Тпортал.

Според истражувањето, најголемите предности на сезонската работа се стекнувањето нови знаења и вештини (68% од испитаниците), запознавање нови луѓе (61%) и платата, која генерално е многу повисока отколку во случајот со целогодишно вработување (54 %). Тука се и престојот на море (45%) и интересноста и атрактивноста на работата (44%), а само шест проценти од луѓето сметаат дека сезонската работа нема предности.

Од друга страна, најголемите недостатоци на работата во сезоната ги наоѓаме во речиси ограниченото времетраење, долгите работни денови, несоодветното сместување, прениската плата и одвоеноста од семејството.

Кога станува збор за просечната плата, очекуваната месечна нето-плата за сезонско работно место е 1.307 евра нето, што е за шест отсто повеќе во однос на лани.

Ова се приходи што ги очекуваат искусните работници:

келнерите очекуваат просечна месечна плата од 1.408 евра
готвачите би сакале минимум 1.482 евра за својата работа
собарите очекуваат минимум 1.145 евра месечно во просек
рецепционерите сметаат дека за својата работа треба да добијат минимум 1.259 евра
продавачите очекуваат просечна плата од 1.105 евра
магационерите очекуваат 1.050 евра во сезоната
помошен работник во кујна очекува 1.322 евра.