Ѕвездата на Хјустон рокетс, Џејлен Грин (22), привлече големо внимание поради фактот што ќе има дете со 39-годишната Драја Микеле. Сепак, тој сега се најде во фокусот на јавноста, бидејќи се појавија уште две жени што тврдат дека се мајки на неговите деца. Па така, за неколку месеци, Грин би можел да има дури три деца.

Откако се пофали Драја на социјалните мрежи дека доаѓа девојче во мај, се појави жена по име Мија. Таа е келнерка во Хјустон и тврди дека во февруари станала мајка на детето на Џејлен. Таа родила момче, кое го нарекла Мир. Имала намера да не кажува дека се работи за син на НБА-ѕвезда, но решила да излезе во јавноста и по објавата на Драја почнала да објавува фотографии од детето на социјалните мрежи.

„Добрите вести“ за Грин не завршуваат тука. Келнерка во богат клуб тврди дека очекува дете од ѕвездата на Хјустон. Терминот е сличен со оној на Драја, а тоа го потврди и нејзина пријателка.

  • Драја се однесува како да добила некаква награда затоа што очекува бебе со Џејлен Грин, но и друга девојка е бремена од него – откри неименуваната девојка.

Таа додаде:

  • Тие имаат речиси ист датум кога треба да се породат. Нивните деца ќе бидат речиси близнаци. Само мајките се различни.

Засега, сепак, ова се само шпекулации. Многу НБА-ѕвезди се цел на лесни девојки и треба да почекаме да се расплетка ситуацијата и да видиме дали Грин е навистина таткото.