Камила и се обрати на толпата: За првпат проговори за Кејт и откри нови детали/ВИДЕО

1929
EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Кралицата Камила денеска откри нови детали за Кејт Мидлтон, при посетата на Шрусбери, град во Англија. Тоа беше првпат јавно да зборува за принцезата откако сопругата на принцот од Велс беше оперирана од абдомен и на 22 март објави дека има рак.

Сопругата на кралот Чарлс денеска ја пречекаа две девојки кои ја поздравија со постер со поддршка за Кејт Мидлтон: „Подарете ѝ ја нашата љубов на Кејт“.

– Знам дека Кетрин е воодушевена од сите ваши добри желби и поддршка – пишува Mirror.

Кралицата Камила ги продолжи официјалните должности откако Кејт и Чарлс Трети ја почнаа својата борба со ракот. Нејзиниот јавен настап доаѓа по вчерашното соопштение на Бакингемската палата дека монархот и неговата сопруга ќе се појават на велигденската богослужба во црквата „Свети Џорџ“ во Виндзор во недела.

Принцот Вилијам треба да се врати на обврските по велигденските празници и ќе продолжи да ги балансира јавните ангажмани со грижата за Кејт Мидлтон.

Кралот Чарлс, кој објави дека има рак на 5 февруари, и оддаде почит на својата снаа за нејзината храбра видео порака во која ја откри нејзината дијагноза за рак и исто така, додека се лечел од својата болест, ја посетувал Кејт заедно со Камила.