„ИЗВЛЕКОА АС ОД РАКАВОТ – Невозможно е ИСИС да стојат зад нападот во Москва“

4893

Од целата меѓународна заедница, само Украина не го осуди убиството на цивилите во  „Крокус сити хол“ изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, а исто така посочи дека е невозможно ИСИС да го извршила нападот.

Исламската држава ја презеде одговорноста за масакрот, а американските власти велат дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат дека тој бил извршен од авганистанскиот огранок на групата, Исламска држава Хорасан.

Украина постојано негираше дека има некаква врска со нападот. Но, Захарова рече дека Западот побрза да и припише одговорност на Исламска држава за да ја отфрли вината од Украина и западните влади кои ја поддржуваат.

„За да ги оттргнат сомнежите на колективниот Запад, итно мораа да смислат нешто, па прибегнаа кон ИСИС. Извлекоа ас од ракавот, буквално неколку часа по терористичкиот напад англосаксонските медиуми почнаа да ги шират токму тие верзии“, изјави Захарова.