EPA-EFE/ROBERT PERRY

Белгискиот велосипедист Вот ван Арт при пад ја скршил клучната коска и неколку ребра за време на трката околу Фландрија и нема да учествува на претстојните трки, објави неговиот тим Висма.

  • Во болница му е дијагностицирана скршеница на клучната коска и неколку скршени ребра. Во оваа фаза не се знае колку долго ќе биде надвор од патеката, изјави холандскиот тим.

Инцидентот се случил на 67 километри пред целта, кога главната група од 30 велосипедисти се упатила кон клучното искачување Канариберг. По судирот, истовремено паднале десет возачи, од кои многумина побарале лекарска помош.