Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, сака да ја продолжи соработката со австрискиот интернационалец, Марсел Сабицер. Одличниот играч за врска е во сопственост на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), а вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен играч на „Олд Трафорд“. Јунајтед има право да го откупи неговиот договор но официјалната понуда не смее да биде помала од 25 мил. евра.