Белгиската репрезентација целосно потфрли на Светското првенство во Катар, со четири бода заврши на третото место во Групата-Ф и неочекувано мораше предвреме да се врати од Доха. Селекцијата предводена од Де Бруин, Азар, Лукаку, Куртоа се очекуваше барем да го повтори успехот од 2018 година и Светското првенство во Русија кога беа бронзени, но лошата игра се поклопи со аферите во репрезентацијата.

Голот на „златната генерација“ на Белгија го чува играчот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој од почетокот на кариерата го следат скандали со жени. Овој голман важи за голем заводник, а во Катар го бодреше сегашната свршеница и израелска манекенка Мишел Герзиг (25). Куртоа ја покажа оваа убавица во јавноста пред една година, кога објави фотографија со Мишел со опис „Љубовта на мојот живот“. Елиминацијата уште во групната фаза и осудата на локалните медиуми, сигурно полесно ќе поднесе во прегратките на убавата русокоса.

Недолго по пристигнувањето во Мадрид, во 2019, Белгиецот се раздели од сопругата Марта Домингез, со која има две деца (Адријана и Николас), но Куртоа не тагуваше долго и „се фрли на работа“. Тој беше поврзуван со Мајк Ривиера, но веднаш ги отфрли озборувањата. Според некои информации, тој има и дете со Елса Исак, кое го крие од јавноста. Се зборува дека тој бил во врска и со Алба Кариља, која е познато ТВ-лице и поранешна сопруга на тенисерот Фелисијано Лопез.

Но едно е сигурно, а тоа е дека ќе остане запаметено како го уништи односот со Кевин де Бруин, дотогаш негов најдобар пријател, бидејќи ја заведе неговата девојка Каролин Линјен. Каролин призна дека го изневерувала Де Бруин со Куртоа, со кој имала афера по пристигнувањето во Мадрид. Наводно, тој и дал најдобра емотивна утеха, а тоа било последица на сознанието дека и Кевин изневерувал, па сакала да му се одмазди.

  • Мојата поранешна девојка често патуваше во Мадрид, бидејќи го познаваше Куртоа од порано, дојде до тоа да ме изневери. Му реков в лице дека знам дека спие со неа и оттогаш имаме само професионален однос. Веќе не сме едни од најдобрите пријатели, но ОК сме. Селекторот ме праша дали сакам Куртоа да биде отстранет од репрезентацијата, но не сакав. И покрај тоа што се случи, тој е добар голман и ѝ е потребен на Белгија, изјави тогаш Де Бруин за медиумите.