НОВИ СНИМКИ ДИРЕКТНО ОД РАКЕТАТА направени при лансирањето на Орион/ВИДЕО

839

Токму во моментот кога беспилотното летало на НАСА, Орион, се подготвува да достигне рекордно растојание од Земјата за вселенското летало наменето за луѓето, Европската вселенска агенција објави неколку зачудувачки видео снимки кои го покажуваат неговото неодамнешно лансирање од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Необичниот агол доаѓа преку камера прикачена на вселенското летало Орион на врвот на ракетата Space Launch System (SLS). Гледајќи директно надолу, гледаме како моторите се палат и ги креваат ракетата и вселенското летало во вселената и кон Месечината (барем за Орион).

Ракетата Space Launch System беше успешно лансирана пред две недели, по низа одложувања и неуспешни акции.

Тоа беше историски момент за НАСА.