Вучиќ со Ковачевски во Прага како во студентски денови

108

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се наоѓа на Самитот во Прага на иницијативата за формирање на Европска политичка заедница, на Инстаграм објави фотографија со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

-Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на неговиот Инстаграм профил.