Без вода корисниците од населба Драчево

154

Прекинато водоснабдување од 8.40 часот ќе имаат корисниците од населба Драчево поради  уличен водоводен дефект од ф 100 мм на ул. „Бранко Заревски“ бб во населба Драчево.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот.

Од 8.50 часот без вода ќе бидат и корисниците на ул. „Македонско-косовска бригада“ крак 38 поради уличен дефект ф-2 на таа улица.