Вулин разјасни: Познати причините за смртта на Матеј Периш!

6090

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска изјави дека смртта на Матеј Периш била предизвикана од давење и дека на телото немало траги на насилство.

Вулин за ТВ Прва изјави дека е потребно време за да се направат токсиколошки анализи.

„Сите се надевавме дека можеби е некакво младешко лудило, глупост, што отпатувал во некоја земја, за жал не. Голема почит кон неговиот татко, кој се покажа како крајно коректен, крајно прибран, не сум сигурен колку од нас би можеле да се однесуваат на ист начин како него“, рече Вулин.

 

Од обдукција потврдија: Пронајденото тело во Дунав е на Матеј Периш