Се појави нов љубовен триаголник во спортот. По веќе познатиот Мауро Икарди- Ванда Нара – Макси Лопез, овој пат од Пиринеите ни доаѓа вест дека девојката на Жоао Феликс (22), Маргарида Корсеиро (19) е уловена како се забавува со првотимецот на Спортинг Лисабон, Педро Поро (22).

Дали има само чад или навистина има оган, ќе видиме во наредните денови, но медиумите во овие две земји пренесуваат дека Маргарида го изневерува фудбалерот на Атлетико Мадрид со неговиот сонародник од репрезентацијата.

Всушност, тие биле фатени на едно излегување, но видеото на кое наводно се гледа како разменуваат нежности е премногу матно. Во клубот е темно, па не може да се тврди дали Маргарида и Педро навистина се бакнуваат или тоа е само пријателски разговор меѓу навивач на Спортинг и првотимецот на тимот од Лисабон. Не е тајна дека тие се познаваат од претходно…

Во продолжение неколку фотографии од згодната Маргарида Корсеиро: