Kвалитетoт на амбиентен воздух за период 29.11 – 05.12.2021 година

58
Во приложениот извештај подолу, дадена е анализа на среднодневните концентрации на PМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.
Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на кубен метар) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Велес 2.
Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на кубен метар) е надминат на мерните места Кавадарци и Струмица.
Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 163 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата.
Подетални информации можете да најдете на следниот линк: http://air.moepp.gov.mk/