Алегри се одлучи за Менди

119

Францускиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Ферлан Менди, е најновата желба на предводникот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, Масимилијано Алегри. Трофејниот италијански стручњак е убеден дека Менди може да биде идеално решение за сите проблеми кои ги има во дефанзивата и затоа побара од клупските челници да испратат официјална понуда не помала од 30 мил. евра.