Се поставуваат семафори кај аптеката „Реплек“ во Козле

345

Град Скопје поставува семафори кај улицата што води кон Нерези, во близина на објектот на аптеката „Реплек“, во населбата Козле , на територијата на општина Карпош.

Како што информираат градските власти, поставувањето се врши по барање на околните жители, но и заради зголемување на сообраќајната безбедност во овој дел од градот.