Германскиот ракометар Холгер Гландорф ѝ стави крај на кариерата во 37. година од животот. Десниот бек се збогува од ракометот како четврти стрелец во историјата на Бундеслигата со 2.406 постигнати голови.

Гландорф ,19-годишната кариера ја започна во Нордхорн, по осум сезони се пресели во Лемго, а играч на Флензбург е од 2011 година до денес. Минатата сезона Гландорф стана шампион во Бундеслигата, во 2014 година ја освои Лигата на шампионите, а во 2007 година беше дел од репрезентацијата на Германија која ја освои светската титула.

Франц Семпер од Лајпциг е ракометарот кој треба да го покрие пензионирањето на Гландорф.