Британскиот боксер во фантастична борба го победи Американецот Деонтеј Вајлдер и стана крал во супертешка категорија, во верзијата ВБЦ. Тој го нокаутира „борнзениот“ во седмата рунда од мечот, во истиот момент кога од аглот на Американецот го фрлија пешкирот во рингот, а судијата ја прекина борбата.

Но, многу возбудливо беше и на прес – конференцијата по завршување на борбата, а во центарот на вниманието беше токму Фјури. Тој одби шише со вода кое што му беше дадено од неговиот член на тимот Енди Ли. Тој го праша од каде му е водата, а кога Ли му покажа кој му ја дал водата веднаш ја одби.

Фјури веќе еднаш го направи тоа по борбата во Германија во 2015 година, кога го победи Украинецот Владимир Кличко.