Според пикерот на македонската репрезентација, Стојанче Стоилов, поразот од Чешка не значи и крај на надежите за пласман во втората фаза на ЕП.

-Ништо не е загубено. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме. Имаме шанси. На натпреварот со Чешка ние промашивме, тое дадоа и тоа е тоа. Од овој натпревар треба да извлечеме поука, да даваме голови кога имаме шанси, порача Стоилов.