Германската авиокомпанија „Луфтханза“ најави дека ќе скрати 700 до 800 работни места во својата подружница „Аустријан ерлајнс“, повеќе од една десетина од работната сила, бидејќи се обидува да ги намали трошоците заради зголемената конкуренција.
Карстен Шпор, главениот извршен директор на „Луфтханза“, рече дека ќе заштеди до 90 милиони евра годишно до 2021 година. „Аустријан ерлајнс“ соопшти дека намалувањето на работните места ќе се спроведува во наредните две години.
Најавата за намалување на работните места дојде откако „Луфтханза“ се соочи со голем штрајк на германскиот кабински екипаж во текот на минатата недела, поради што беа откажани околу 1.300 летови. Компанијата на „Твитер“ соопшти дека мора да откаже скоро 700 летови закажани за четвртокот и околу 600 летови за петокот.