Во декември годинава ќе се одржи Светското првенство во ракомет, во женска конкуренција во Јапонија. Македонија нема да биде дел од овој собир, но оние репрезентации кои ќе ја бркаат светската круна веќе ги почнаа подготовките. Еден од најголемите фаворити за осовјување на златниот медал е и селкцијата на Норвешка. Актуелниот вицешампион на минатиот Мундијал во големото финале загуби од репрезентацијата на Франција (23:21). Но, овој пат Норвежанките се одлучни да си заминат со златниот медал.

Имено селекторот на селекцијата Хергеирсон веќе ги одбра 16 – те ракометарки со кои ќе го брка златото и зема уште три резерви. Иако беше најавено дека ракометарката која беше во идеалните седум на дури седум големи натпреварувања Хајди Локе, ќе го пропушти шампионатот, тоа нема да се случи. Таа заедно со Кари Братштед ќе бидат на линијата од шест метри. Во составот заради санирање на повредите ќе ги нема Лунде, Гримсбо, Кристијансен, Мерк и Куртовиќ.

Но, составот на ракометарките не е толку многу зачудувачки ако се земе предвид дека Норвешка на шампионатот во Јапонија ќе го има најголемиот стручен штаб од дури 20 луѓе. Покрај селекторот тука се уште помошник тренерите, физиотарапевти, масери, лекари, психолози, видео аналитичари, медија менаџери, статистичари и нормално легендарната Мерит Брејвик во улога на директор на репрезентацијата.