Зошто Помпео носи зелена кравата?

230

Американскиот државен секретар Мајк Помпео попладнево пристигна на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ и веднаш предизвика интерес кај модните критичари за својот стајлинг. Неговата кравата, како моден детал, падна во очи на присутните, поради “жабeц” зелената боја!

Зошто високиот гостин се одлучил за зелена кравата и која е симболиката со Македонија, одговорот го знае тој, но истата кравата ја носел и утрото при посетата на Подгорица. Иако беспрекорно стилизиран, во темно одело и бела кошула, тој сепак падна во сенка на неговата сопруга Сузан, која беше облечена по најнова мода за оваа есен –  во костум со темни пантолони и кафено карирано палто дополнето со црна наметка.

И Сузан за посетата на Македонија го одбра истиот стајлинг во кој беше и во Црна Гора, само ги смени салонките и во Охрид пристигна во спортски балетанки.