Охрид центар на балканскиот хумор – доаѓаат и Сашо и Маца!

149

На 27 и 28 јули во Охрид на сцената на Долни Сарај за првпат ќе се одржи најголемиот балкански СТЕНД АП ФЕСТИВАЛ. Тој е замислен да биде во вид на две големи неверојатни журки со урнебесен хумор и одлична жива музика. На журките посетителите ќе ги забавуваат најдобрите балкански стенд ап комичари-глумци како например најпопуларниот Драган Маринковиќ-Маца од Босна (но и Пеѓа Бојовиќ, Неша Бриџис, Душан Варничиќ, Маријана Аранѓеловиќ…) а, тука се и нашите Бојан Велевски и се популарниот Сашо Тасевски кого го знаеме и како поранешен директор на скопски Драмски театар.

Инаку, овој настан треба да стане традиционален…. секоја година во шпицот на туристичката сезона Охрид да биде центар на балканскиот хумор. А, дали ќе биде ќе видиме. Само нека тргне….Настан на кој ќе ги видиме тие најдобрите Адриа-комичари од изминатите десет години на едно место. Помеѓу сетовите во живо ќе забавува бендот на Марко Логаут. Д.М.