Баже Билбиловски освојува со својата латино-Божица

265

-Мојата нова песна е насловена како “Божица”. Автор на текстот и музиката е Драган Матески, снимена е во студиото кај Дарко Дамевски, мојот долгогодишен пријател и соработник. Песната е направена во модерен стил, поп песна е пред се. Ритам на песната е многу близок до нашата ориентална музика, односно четири-четвртинска. Поради тоа што оваа песна е направена во тие некој поп-латино ритмови, се стремев да наликува на нашите народни ритми, пред се со убава љубовна тема: Да им се допадне пред се на младите, среќно изјавува деновиве новонадежен македонски пејач Блаже Билбиловски (за “Естрада плус“). Тој за наредниот период планира да направи и видео запис за “Божица”. -Да, зошто да не, би снимил и видео спот, оваа песна тоа го заслужува, додава пејачот, кој деновиве ќе замине на заслужен летен одмор.