Македонија се чекира на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година и на кое учество ќе земат 24 репрезентации, а веќе се познати и сите учесници на првенството.  Интересно е тоа што сите ексју-републики обезбедија пласман на завршницата.

Покрај Македонија, таму се и Србија, БиХ, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Учество обезбедија и Франција и Шпанија, кои заедно со Хрватска се единствените со по 14 настапи на Европско првенство, додека Данска, Русија, Германија и Шведска имаат по 13 настапи.

За Македонија ова ќе биде шесто Европско првенство во историјата, по настапите во 1998, 2012, 2014, 2016 и 2018 година. Најдобриот пласман „црвено-жолтите“ го остварија во 2012 година во Србија каде беа петтопласирани.

Сите учесници на ЕП: Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Украина

Ждрепката за ЕП 2020 кое ќе се игра во три земји – Австрија, Норвешка и Шведска, ќе се одржи на 28 јуни во Виена.