Дел од Општина Центар утре без вода

70

Корисниците од улицата „Орце Николов“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта Трети“ до крстосницата со улицата „Мирослав Крлежа“, во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на водоводен затварач со пречник од 100 милиметри на улицата „Орце Николов“ 98. Корисиниците ќе бидат без вода се до отстранувањето на дефектот.