Држачи за велосипеди во „Орце Николов” и „Театар Комедија”

151

По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ поставија држачи за велосипеди во СУГС „Орце Николов“ и „Театар Комедија“.

– Поставувањето на држачи за велосипеди на повеќе локации во Скопје е дел од континуираните заложби на Град Скопје за подобрување на велосипедската инфраструктура и условите за користење на велосипед со цел поттикнување што поголем број граѓани, особено младите, да го користат велосипедот како основно превозно средство – информираат од Град Скопје.