Инцидентот во Шутка се случил поради пропуст на затворската управа

60

Пропустите на вработените и управата во затворот во Шутка овозможиле Спиро Ристовски да биде вербално па физички нападнат. И по ова истите не спречиле да се случи и нападот врз Миле Јанакиески, оти не превенирале ништо. Ова го пишува во извештајот кој го изработија од затворот, но сега Управата за извшување на санкции го чува во тајност

Сепак, според информациите на Телма покренати се и 11 дисциплински постапки за чуварите кои ги прекршиле протоклите. Директорот Ѓоко Котевски си поднесе оставка но за сега ќе куртули поради тоа што се распишани избори.

Народниот правобранител констатирал многу пропусти во однесувањето на затворската управа. Има забелешки на нецелоснта покриеност со камери и лошиот квалитет на снимките кои и покрај тоа што немаат звук откриваат како се случил инцидентот.