Новите преговори меѓу САД и Северна Кореја најверојатно во Панмунџом

56

САД и Северна Кореја, најверојатно, ќе го продолжат дијалогот во пограничното село во тампон-зоната меѓу двете Кореи, Панмунџом, изјавија за јужнокорејски медиуми извори запознаени со ситуацијата.

Тие додаваат дека разговорите би можеле да продолжат уште во понеделник.

-Датумот и местото за продолжување на дијалогот меѓу САД и Северна Кореја се уште не е објавен, но засега најверојатно место е Панмунџом, вели еден од изворите.

На состанокот ќе присуствува и специјалниот пратеник за Северна Кореја, Стивен Бигун, кој треба да пристигне во Јужна Кореја в недела.

Панмунџом претходно беше место на состаноци на претставници на Северна Кореја и САД.

Се очекува на претстојниот состанок да бидат утврдени правилата за новиот состанок на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, закажан за јуни.