Половина тим на „езерџиите“ во болница

43

Еден од најтрофејните тимови во НБА лигата, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, не може глава да крене од повредите на кошаркарите кои константно ги измачуваат. Само што помислија дека завршија со десеткуваниот ростер во текот на целата сезона, во Лејкерс ќе мора да се помират со фактот дека остануваат без Лонзо Бол.

Според медицинските извештаи и по прегледувањео на снимката од магнетната резонанса, играчот на франшизата од „градот на ангелите“ ќе го нема на теренот повеќе од еден месец. Тој се здоби со повреда во третиот период од натпреварот против Хјустон, откако претрпе дисторзија на истиот скочен зглоб што го повреди во ноември минатата година, поради што и тогаш мораше да паузира.

„Езерџиите“ подолг период играат и без најдобриот кошаркар Леброн Џејмс, кој што на Божиќниот меч со Голден стејт доживеа повреда на препоните и оттогаш се уште не се врати во игра. Ова воедно е и најдолга пауза поради повреда на „Кралот“ во неговата кариера.

На следниот меч, токму против шампионот, што ќе се игра во „Стејплс центарот“, Лејкерс освен без Џејмс и Бол, ќе играат и без Рондо, кој што има повреда на прст и исто така е отсутен подолго време.