105+106=збирот на годините на најстарата жива брачна двојка во светот

99

Заедно имаат вкупно два века – Џон Хендерсон наполнил 106 години, а неговата сопруга Шарлот 105 години. Според Гинисовата книга на рекорди оваа брачна двојка од Тексас е најстарата жива брачна двојка во светот, пренесе „Јутарњи лист“.

Џон и Шарлот од Остин во декември ќе прослават осумдесет години заеднички живот, што е животен век на просечен Американец, пишува Си-Ен-Ен.

Двојката се венчала во 1939 година, а се запознале во 1934 година додека биле студенти на универзитетот во Тексас.

Шарлот студирала за учителка, а Џон бил дел од фудбалскиот тим. За Си-Ен-Ен изјавија дека времињата биле многу тешки што за хотелската соба што ја изнајмиле за медениот месец потрошиле само седум долари.

Не треба да се заборави ни тоа дека Џон е и најстариот жив поранешен фудбалер на универзитетот во Тексас.

Оваа двојка е жив доказ за тоа дека љубовта може да го преживее тестот на времето. Велат дека љубовта меѓу нив во текот на годините само јакнела.

Пред десет години се преселиле во селото Лонгхорн во локалната заедница на пензионери кои ги поврзува универзитетот каде што студирале. Среќни се како и досега.
Џон уште вежба секојдневно, а на прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен која е тајната на долгиот живот и среќниот брак, одговори: „Живејте умерено и бидете љубезни кон својот сопружник“.