Јовиќ е летен приоритет

36

Италијанските медиуми открија дека во следните неколку дена седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, ќе испрати официјална понуда за српскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Лука Јовиќ.

Челниците на шпанскиот гигант не кријат дека се незадоволни од формата и од игрите на скапото засилување кое пристигна пред една година на „Сантијаго Бернабеу“ од редовите на Ајнтрахт од Франкфурт за 60 мил. евра. Истите медиуми открија дека првата понуда на Милан нема да биде поголема од 40 мил. евра.