EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Репрезентативецот на Саудиска Арабија, Јасер ал Шарани, на првиот натпревар на Мундијалот против Аргентина заработи страшна повреда на главата и веднаш стана јасно дека е завршен Мундијалот за него. Пред крајот од натпреварот, на кој Аргентина претрпи очекуван пораз од 2:1, голманот на Саудиска Арабија, Ал Овејс, со колено го удри несреќниот фудбалер во глава, кој падна како покосен. Сега е откриено низ каков пекол поминал по овој брутален удар.

Поминаа неколку недели од натпреварот и многумина веќе ги заборавија Ал Шарани и неговата повреда. Меѓутоа, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија, Јасер ал Мишехал, откри што се случило со дефанзивецот по ужасната повреда.

Се покажа дека несреќниот фудбалер се здобил со повреда на главата и дека дури три пати бил опериран. Тој поминал неколку недели во болница и сега, конечно, е пуштен на домашно лекување.

  • Фала му на Бога, Ал Шарани е добро по операциите и моментално заздравува дома. Не сме сигурни кога ќе може да се врати на терен – изјави првиот човек на Федерацијата.

Овој 30-годишен дефанзивец веќе десет години ги брани боите на Ал Хилал од Саудиска Арабија.