Јапонската пливачка Рикако Ике стана хероина на Олимписките игри во Токио многу пред почетокот на ова планетарно шоу. Оваа Јапонка успеа да се квалификува на Олимписките игри во Токио, две години откако и беше дијагностицирана леукемија!

  • Не го очекував ова воопшто, имав многу помала самодоверба отколку пред пет години, изјави 20-годишната Ике по националното првенство во кое ја избори нормата за планетарно натпреварување.

Пливаше во штафетата, 4Х100 и заврши за 57,77 секунди. Кога стигна до целта, цврсто ја стисна тупаницата, ги прегрна своите ривали и заплака. Нејзините солзи го обиколија целиот свет во тој момент. Без сомнение дека многумина беа трогнати од борбата за живот низ која помина оваа млада пливачка, а на крајот излезе како победник.

Претходно, нејзината цел беше да се квалификува на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, но очигледно се надмина себеси. Таа не сакаше да се натпреварува во индивидуална конкуренција бидејќи, како што вели, нејзиното тело сè уште закрепнува од сериозното заболување.

  • Тешко дека ќе се пласирав во полуфиналето во најдобар случај или во финалето – во никој случај. Олимписките игри без медал се бесмислени. Ќе го искористам секое искуство како отскочна даска за да станам доминантна пливачка која никогаш не губи, истакна храбрата Јапонка за која ќе навива цел свет на Олимпијадата во Токио.