Ѕвездата на Милвоки бакс и репрезентативец на Грција, Јанис Антетокунмпо, не се гледа себе си како најдобар кошаркар на планетата. Тој побара медиумите да не го нарекуваат најдобар играч на светот.

–Тренерот не треба да приспособува 11 играчи за мене. Не се работи за мене. Самиот сум подготвен да се прилагодам на секого, ќе направам сè што му треба на мојот тим. Ако треба ќе одам на позицијата пет. Во моментов грчката репрезентација сè уште не е подготвена да се бори за медал. Но, имаме шанса. Кога ја започнавме сезоната со Милвоки, не се надевавме да освоиме шампионска титула. Но, работевме напорно и победивме. Јас не сум најдобриот играч на светот. Не ми кажувајте дека јас сум тоа, рече Адетокунбо.

Како дел од грчката репрезентација, двоккратниот МВП на НБА-лигата се подготвува за претстојното Европското првенство кое ќе се одржи наредниот месец во Чешка, Грузија, Италија и Германија.

Грција на овој шампионат ќе игра во групата Ц со селекциите на Хрватска, Италија, Украина, В.Британија и Естонија.