Јавниот долг на Хрватска на историско високо ниво

44

Јавниот долг државата Хрватска продолжи да расте во 2021 година, достигнувајќи нов историски врв од 334 милијарди куни (44,54 милијарди евра) на крајот на февруари, пренесува Seebiz.

Во споредба со крајот на 2020 година, долгот на државата се зголеми за 1,3 проценти на крајот на февруари, односно за 4,4 милијарди куни (586,9 милиони евра), додека во споредба со истиот месец минатата година тој се зголеми за 14, 7 проценти или 42,8 милијарди куни (5,7 милијарди евра).

На крајот на 2020 година, јавниот долг на Хрватска изнесуваше 329,7 милијарди куни (43,96 милијарди евра), при што уделот во бруто домашниот производ достигна 88,7 проценти.