Стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Сасуоло, Давиде Фратеси, е најновата желба на раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Благодарение на одличните игри во актуелната сезона репрезентативецот на Италија го привлече вниманието на челниците на „црвените ѓаволи“ кои за време на зимскиот преоден рок ќе испратат официјална понуда не помала од 30 мил. фунти.