„Шлаканица“ од Спенџарска од Солун: Многу луѓе ќе ти најдат маана зошто потајно го посакуваат истото/ФОТО

3711
Foto: Instagram

„Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Многу ќе ти најдат и на тебе маана зашто потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат“, напиша Јелена Спенџарска на Инстаграм.

Водителката која често ги споделува своите размислувања за животот на социјалните мрежи, деновиве ги минува во Солун, па оттаму им се јавува на своите следбеници со прекрасни фотографии, кои ги дополнува со инспиративни написи.

„Животот во секоја смисла е поедноставен кога си во внатрешен мир“, вели Спенџарска, па оттука продолжува:

„Ова не знам како да го објаснам со зборови кога многу луѓе ме прашуваат како се справувам во одредени позитивни/негативни ситуации или големи/мали животни промени? Или најчестото, поврзано со мојот живот во Солун, каков е сега мојот живот таму?

Прво, тоа многу зависи и од твојот карактер, што имаш во себе и што очекуваш да најдеш и видиш надвор од себе. Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир.

Многу луѓе ќе ти најдат и на тебе мана затоа што потајно го посакуваат истото, но можеби не успеале, можеби некој ги убедил дека не се доволно добри за тоа, а можеби и никогаш не собрале храброст да се обидат, па затоа егото се брани и не им дозволува да го признаат сопствениот пораз.

Многу е едноставно – нашиот надворешен свет е секогаш во склад со внатрешниот.

Ова, во мојот случај, во ситуација каде сè ти е ново, не познаваш никој, не зборуваш ист јазик, беше голем предизвик, но и тест. Која личност бираш да бидеш ти во непознатиот свет?

За мене Грција, за тебе било кое место каде што си сега, а не ти е родно! Да, има море, сонце, одлична храна, одлични услови, ама можностите, опциите, отворените или затворени врати, луѓето со кои комуницираш, начинот на кој ги доживуваш сите секојдневни искуства, зависат само и само од тоа како си ‘програмиран’ ментално (внатре) да гледаш на нив (надвор).

Многу луѓе мислат дека e обратно, а не е! Океј, Јелена, кога ќе го најдам мажот на мојот живот, тогаш ќе бидам среќна! Или, кога ќе си ја видам полна сметката во банка, е тогаш супер ќе ми биде.

Погрешно! Обратно е! Прво е внатрешното чувство на мир, задоволство и благодарност за сè она што го имаме во овој момент иако не е токму тоа кое сме си го посакале.

Баш тој недостиг за нијанса повеќе ни покажува колку многу е искрена нашата желба.

Без разлика каде и да одиш во светот, низ каква и ситуација да поминуваш во овој момент, начинот на кој реагираш кон тоа што се случува е клучот!

Или бираш да бидеш жртвата и тивко набљудуваш од публиката или одлучуваш да бидеш во главната улога, се качуваш на сцената и ја создаваш претставата – твојот сопствен живот! Само од тебе!, стои во нејзината објава на Инстаграм.