Хрватскиот интернациналец Иван Чупиќ, го напушта македонскиот ракометен шампион Вардар. Како што јавува порталот „Хендбал Планет“, десното крило по 14 – години играње во странство се враќа дома.

Чупиќ (35) на крајот од сезоната ќе го напушти Вардар и ќе се пресели во хрватскиот шампион Загреб, со кого потпиша договор на три години.

Чупиќ беше стрелец на победничкиот гол во првото финале од ЛШ на Вардар против ПСЖ, а беше меѓу најзаслужните и за втората европска круна на „црвено – црните“ Но, се чини дека на соработката и дојде крај и тој се враќа во Хрватска

Тој досега во кариерата нема настапувано за Загреб. Кариерата ја почна во Медвешчак од 2005 до 2007 година, по што настапуваше за Октавио во Шпанија, за Горење во Словенија, Рајн-Некар Левен во Германија, Киелце во Полска и за македонскиот првак Вардар.