Четири понуди за Рудигер

137

Четири клуба се во игра за потписот на германскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Челзи, Антонио Рудигер, тврдат британските медиуми. Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а според британските медиуми следна негова дестинација треба да биде Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал (М) или Јувентус.