Челзи постави негативен рекорд

78

Лондонскиот премиерлигаш Челзи за првпат во својата историја прими три гола во прво полувреме во натпревар кој е дел од Лигата на шампиони. Лондонските „сини“ синоќа на дуелот со Ајакс по 45 минути игра губеа со 1:3. Сепак до крајот четата на Франк Лампард се избори за бод по нерешените 4:4.

Резултати на другите натпревари одиграни синоќа во 4.коло од елитното натпреварување:
Барселона – Славија Прага 0:0
Зенит – Лајпциг 0:2
Борусија Дортмунд – Интер 3:2
Лион – Бенфика 3:1
Ливерпул – Генк 2:1
Наполи – Салцбург 1:1
Валенсија – Лил 4:1.

Вечер се играат уште осум средби од ова коло.