Црвен аларм во Италија: Нов рекорден број на заразени во еден ден

159

Италија денес објави најголем број нови инфекции со коронавирус за еден ден од почетокот на епидемијата.

Во претходните 24 часа беа регистрирани 11.705 новоинфицирани лица, што го продолжи трендот на раст од претходните денови. Пријавени се 69 смртни случаи како последица на заразата.

На почетокот на епидемијата, во пролетта, рекордниот број на новоинфицирани за еден ден беше 6.554, но тогаш во Италија беа тестирани само луѓе со најтешка клиничка слика.

Експертите предупредуваат дека вирусот повторно започнал да ги инфицира ранливите групи и дека болниците се полнат.

Притисокот е повторно најголем во Ломбардија, каде има повеќе од 1.000 пациенти во болниците, од кои 110 се на интензивна нега.

Во Италија, што беше најтешко погодена европска земја на почетокот на епидемијата, инфекцијата со коронавирус беше потврдена кај повеќе од 414 000 луѓе, од кои повеќе од 36 500 починаа.