Речиси сите натпреварувања се прекинати поради пандемијата на коронавирусот и истите не се знае дали ќе продолжат, а меѓу нив е и регионалната АБА-лига, во која на стапува и македонскиот шампион МЗТ Скопје (АБА2).

Факт е дека клубовите трпат голема финансиска криза поради неиграњето натпревари, а тоа на своја кожа прва го почувствува Цибона, која со години се бореше со овој проблем, односно со недостаток на пари. Овој клуб штотуку излезе од „пред стечајната спогодба“ и не можеше да ги реши документите поврзани со новите економски мерки на хрватската влада, па затоа се одлучија за радикален потег.

Поради немањето пари, Цибона го отпушти целиот стручен штаб, заедно со тренерот Иван Велиќ.

Директорот на двократниот европски шампион истакна дека ова не се „откази, туку мерки“, бидејќи не можат да сметаат на приходите од градот Загреб заради коронавирусот и земјотресот кој неодамна го погодија ова место во Хрватска, а откако кризата ќе заврши и ситуацијата ќе се нормализира.

  • Разговарав лично со секој од тие десет луѓе, а тоа не се само мои соработници, туку и мои пријатели, браќа и сестри, изјави директорот на Цибона за хрватски „Индекс“.

Меѓу оние кои добија отказ, покрај членовите на стручниот штаб, се и физиотерапевтот, тим-менаџерот и готвачката. Засега, ниту еден од кошаркарите не е на „удар“.